Лондонскиот премиерлигаш Арсенал се обидува на секаков можен начин но најверојатно нема да успее во намерата да ги осигура услугите на најдобриот фудбалер во дресот на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко. Британските медиуми открија дека популарните „топчии“ се подготвени да одвојат околу 70 мил. фунти за обештетувањето на репрезентативецот на Словенија, но мали се шансите трансферот на биде реализиран во јануари.