Управното тело на британската атлетика и еден спортски функционер се обвинети за убиство од небрежност поради смртта на параолимпиецот Абдулах Хајајеи, кој беше погоден во главата од метален столб за време на тренинг во Лондон во 2017 година.

Хајајеи, кој ги бранеше боите на Обединетите Арапски Емирати, беше повреден во тренинг-центарот во источен Лондон на 11 јули 2017 година, беше прогласен за мртов на местото на настанот.

Тој тренираше за Светското параолимписко првенство 2017 година во Лондон, каде што требаше да се натпреварува во класата Ф34, во дисциплина копје и фрлање ѓуле.

Полицијата и државното обвинителство соопштија дека Кит Дејвис, шефот на Светското првенство во атлетска параолимпијада во 2017 година, е обвинет за убиство од небрежност и за прекршоци на здравјето и безбедноста.

Управното тело на Британската атлетика е обвинето за корпоративно убиство од небрежност и прекршок за здравјето и безбедноста.

Полицијата и обвинителството соопштија дека претставниците на Британската атлетика и Кит Дејвис ќе се појават во Вестминстерскиот суд во Лондон на 31 јануари, кога ќе биде прецизирана нивната казна.

 

ИЗДВОЕНИ