Шеесетгодишник во Србија се заканувал со убиство на студент на „Тредс“

35

Полициски службеници го привеле 60-годишниот К.М. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело – загрозување на сигурноста.

„Маж по име К.М.(1965) е осомничен дека во февруари 2025 година на социјалната мрежа „Тредс“ објавил заканувачки коментари на постови со студент Милош Павловиќ, во два наврати, заканувајќи му се со колење“, соопшти МВР.

Се додава дека при преглед на мобилниот телефон што го користел осомничениот бил откриен предметниот профил од кој се испраќале заканите и коментарите со заканувачка содржина.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство во Белград.

Ова апсење го изврши МВР во соработка со Техничката управа, Службата за борба против високотехнолошки криминал и Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград.

ИЗДВОЕНИ