Ферари не успева да им парира на главните ривали за титулата во Формула 1 и Шарл Леклер отворено призна за неговите слабости по трката во Бахреин.
Иако во саботата, благодарение на казните за другите возачи, обезбеди старт од првиот ред, се мачеше на трката и заврши четврти. На патеката „Сахир“, Леклер немаше решенија за ривалите од Мекларен и од Мерцедес. Тој заврши пред тимскиот колега, Луис Хамилтон, но не беше ни блиску до борбата за победа.
- Едноставно не сме доволно брзи, тоа е суштината – изјави Леклер за „Скај спортс Ф1“.
Ферари пристигна во Бахреин со првиот голем пакет за надградба во сезоната, но и тоа не беше доволно. Дури и деградацијата на гумите беше послаба во споредба со онаа на директните конкуренти.