Хрватскиот кошаркарски репрезентативец, Дарио Шариќ (30) наредната сезона ќе настапува за АБА лигашот Дубаи, пренесуваат шпанските медиуми.

Шариќ на лето сигурно ќе ги напушти НБА и тимот на Денвер каде што нема соодветна минутажа, па оттука и одлуката, која веќе ја донесе, да се врати во Европа и конечно да игра во склад со својот потенцијал. Иако се чинеше дека Реал ќе биде неговиот избор, бидејќи на маса имаше покана од „кралскиот клуб“, сепак, договор не бил постигнат.

Според шпанскиот портал „Енцестандо“, прв кој покажал интересот е Реал Мадрид, но хрватскиот кошаркар го одбил договорот од Мадрид од еден милион евра по сезона и наместо Реал, го избрал амбициозниот Дубаи.

Неговата одлука ги расипа плановите на Мадрид, кој сега ќе мора да бара на друго место играч со сличен профил. Тоа требаше да биде кошаркарот на Барселона Чимезе Мету, но Реал немаше среќа ниту со него, кој се здоби со тешка повреда и неговата сезона е завршена.

ИЗДВОЕНИ