Македонскиот ракометен шампион, екипата на Еурофарм Пелистер, на домашен терен го совлада Алкалоид со убедливи 33:20, а со тоа ја анулира негативата од „Автокоманда“ и го презеде првото место на табелата пред последните три кола во регуларниот дел од сезоната во Супер лига.
Прво име во победничкиот тим беше Никола Митревски кој мечот го заврши со 15 одбрани и еден погодок, а одлично издание имаше и Филип Кузмановски со 11 гола, пред Богдан Радивојевиќ со осум реализации. На спротивната страна, Мартин Серафимов запиша осум гола, а Ѓорѓиев реализираше три пати.