Актуелниот шампион во Мото ГП шампионатот, Хорхе Мартин, пред неколку дена имаше стравотен пад на тренинзите, удирајќи ја главата на патеката откако ја загуби контролата над мотоциклот.

Тој заврши во болницата „Аурелиј“ во Нилаи, чувствувајќи неподносливи болки во левото стапало и во десната рака. По деталните лекарски прегледи, беше утврдено дека има скршеница на раката и на ногата. Скршени му се коските на десната рака, како и три коски на левата нога.

Со сигурност може да се каже дека неговата кацика, која му пукна при падот, му го спаси животот. Се наведува дека ќе биде транспортиран во Европа, каде што ќе му бидат извршени неопходните операции.

ИЗДВОЕНИ