Шакира со порака до фановите од болничкиот кревет/ФОТО

604

Колумбиската пејачка Шакира вчера го откажа концертот во главниот град на Перу, откако беше хоспитализирана поради болки во стомакот. Сето тоа се случува неколку дена откако таа ја започна својата прва светска турнеја по седум години.

48-годишната колумбиска ѕвезда објави на социјалните мрежи дека отишла во итната медицинска помош во саботата навечер, за да остане во болница.

Лекарите под чија грижа сум моментално изјавија дека не сум во доволно добра состојба за настап“, рече таа и објасни зошто го одложува концертот во Лима.

Пејачката е тажна поради овој епилог.

Откако добила пораки за поддршка, таа се огласи на социјалните мрежи.

„Ви благодарам за сите ваши пораки со љубов. Вие ми давате толку многу сила. „Ве сакам со целото мое срце“, додаде Шакира.

Се очекува таа денеска да биде пуштена на домашно лекување.

Пејачката и текстописец ја започна турнејата во Рио де Жанеиро само неколку дена по освојувањето на Греми за најдобар латино поп албум, кој го посвети на мигрантите во САД кои се соочуваат со депортација откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата.

Шакира, која е една од најпопуларните латино уметници на сите времиња, треба да настапи на речиси 50 концерти во Латинска Америка до крајот на јуни, а потоа во САД и Канада.

ИЗДВОЕНИ