Пензионери, студенти, странци со регулиран престој, вработени и невработени лица, како и лица помлади од 18 години, кои ги исполнуваат условите за засновање на работен однос, да можат да бидат ангажирани на сезонски работи во земјоделството, угостителството и во домаќинствата, без да ги изгубат правата на стипендија, старосна и семејна пензија, како и надоместок за невработеност и за социјална заштита.
Притоа, ангажираното лице кое задолжително треба да е пријавено во Агенцијата за вработување, може најмногу до 12 часа да работи во текот на еден работен ден, односно најмногу 48 часа неделно, со право на паузи, дневен и неделен одмор, согласно општите прописи од работните односи. Исто така, работодавачот е должен да му исплаќа на сезонскиот работник за секој изработен час
Пензионери, студенти, странци со регулиран престој, вработени и невработени лица, како и лица помлади од 18 години кои ги исполнуваат условите за засновање на работен однос, да можат да бидат ангажирани на сезонски работи во земјоделието, угостителството и во домаќинствата, без да ги изгубат правата на стипендија, старосна и семејна пензија, како и надоместокот за невработеност и за социјална заштита.
При тоа, ангажираното лице кое задолжително треба да е пријавено во Агенцијата за вработување, може најмногу до 12 часа да работи во текот на еден работен ден, односно најмногу 48 часа неделно, со право на паузи, дневен и неделен одмор, согласно со општите прописи од работните односи. Исто така, работодавачот е должен да му исплаќа на сезонскиот работник за секој изработен час.
Ова меѓу другото е предвидено со Предлог-законот за работно ангажирање на лица кои до Собранието го доставија група на пратеници. Предлагачите сметаат дека со ова законско решение ќе се овозможи поедноставена постапка за работно ангажирање на лица за повремени и сезонски работи во одредени дејности. Инаку, сезонската работа е регулирана со Законот за работни односи со членот 47.
– Предложеното решение црпи од позитивните искуства на земјите од регионот и Европската Унија и клучна цел е со донаторска поддршка да се воспостави регистар за евиденција на работно ангажирање усогласен со постојните системи и ИТ мрежи кои веќе се во функција. На тој начин, преку оваа реформа ќе се воведе институционален механизам за работно ангажирање на лица за вршење работи од повремена и сезонска природа во одредени дејности во поедноставена постапка, со што ќе се овозможи соодветно уредување на правата и обврските и заштита на двете страни од работниот ангажман – се наведува во образложението на Предлог-законот и се потенцира дека со донесување на овој пропис ќе се прошират надлежностите на Агенцијата за вработување за управување и одржување на регистарот за евиденција на работно ангажирање.
Согласно овој Предлог-закон, можат да се ангажираат лица исклучиво за сезонска работа и не овозможува засновање на работен однос согласно Законот за работните односи. Но, затоа, пак, работодавачот е должен да го пријави сезонскиот работник во Агенцијата за вработување и освен надницата да пресметува и уплатува данок на личен доход, придонес за пензиско и инвалидско осигурување, како и дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување во случај на повреда на работа и професионално заболување.
Како сезонец може да биде ангажирано лице кое ќе учествува во подготовка на земјиште, садење, сеење, жнеење, наводнување на земјиште; заштита на растенија; управување со земјоделски машини (трактор, комбајн и др.); обрежување; пресадување и проретчување; кастрење/стрижење; пасење, нега на стока и друг работи во сточарството; берење зрнести плодови; берење јаболчести плодови; берење јаткасти плодови; берење и наводнување градинарски култури; берење тутун и др.; хортикултура; собирање диви плодови; калемење; сечење стебла; уништување штетници; чистење, лупење, сортирање, пакување, складирање, работи поврзани со одгледување, негување, грижа и користење на шумите.
Во угостителски објекти сезонецот може да работи како шанкер/бармен; келнер, готвач; собар; мијач на садови; доставувач на храна; аниматор; хостеса. Во домаќинства, пак, може да биде ангажирано за чување деца, чување стари лица и чистење; работи поврзани со чистење за потребите на станбени згради – чистење, одржување и поправка. Предлог-законот забранува работно ангажирање на лица помлади од 18 години за чување деца и стари лица.
Лицето пред да стапи на работа, од страна на работодавачот треба да биде запознаено со работните задачи и да биде информирано кои се неговите права и обврски. Сезонецот може да ја врши работата најмногу до 120 денови во текот на календарската година.
– Работодавачот може да го ангажира истото лице за вршење на работа од сезонска природа најмногу до 60 дена во календарската година, независно дали работното ангажирање е со прекин или без прекин. Исто така, може да го ангажира истото лице за вршење на работа од повремена природа последователно или со прекин најмногу до 15 дена во еден месец или најмногу до 60 дена во календарската година. Работодавачот не може да ангажира лице кое е во работен однос кај тој работодавач за вршење дополнителна или друг вид работа од сезонска или повремена работа. Лицето може да биде работно ангажирано кај повеќе работодавачи – се предвидува со предлог-законот.
Работно ангажираното лице има право на паричен надоместок за работно ангажирање, кој му се исплаќа во паричен износ за секој час на работно ангажирање и кој не може да биде понизок од минималниот основен нето паричен износ по час кој се пресметува врз основа на минималната плата. Паричниот надоместок може да му се исплати на работно ангажираното лице на крајот од работниот ден или најдоцна во рок од пет дена по истекот на работниот ангажман и се исплаќа на трансакциска сметка на работно ангажираното лице.
Ако работодавачот не исплати паричен надоместок од работното ангажирање и не уплати данок и придонеси, предвидени се и високи глоби.
Законот за работни односи со член 47 ја регулира сезонската работа
Законот за работни односи со член 47 го регулира делот кој се однесува на сезонската работа. Според него, сезонската работа е работа која поради климатските или природните услови не се извршува во текот на целата година, туку во одредени периоди – сезони, која не надминува осум месеци во период од 12 последователни месеци.
Работникот кој по договор за вработување на определено време врши сезонски работи, односно работа во нееднакво распоредено работно време без прекин најмалку три месеци во годината и притоа одработи повеќе часови отколку што е одредено за работа со полно работно време, може да бара часовите да му се пресметаат во работни денови со полно работно време.
Според ставот 2 од истиот член, пресметаните работни денови се внесуваат во работниот стаж на работникот, како да ги поминал на работа. При што вкупниот работен стаж во календарската година не смее да надмине 12 месеца.
(С. Бл.)