Сезоната на настинки и грип е во полн ек: Спасот е во вкусно витаминско смути за зајакнување на имунитетот

230

Смутијата се одличен избор на пијалак во секое време од годината, а доколку ги пиете во зима, меѓу другото може позитивно да влијае и на вашиот имунитет.

Со оглед на тоа што се прави од овошје и зеленчук, смутито е богато со витамини и минерали кои позитивно влијаат на организмот и го зголемуваат нивото на енергија, пишува Јутарњи.хр.

Затоа со вас споделуваме одличен рецепт за вкусно смути направено од само четири состојки, кое може да биде одличен сојузник во борбата против вирусите и настинките.

Смутијата се одличен начин за брзо добивање на доза на витамини, минерали и други важни хранливи материи, а исто така се вкусни, енергични и можат да придонесат за подобар имунитет.

Дополнително, овој рецепт за смути има само четири состојки – банана, грејпфрут, портокал и грчки јогурт.

Бананите се многу честа состојка во смути-напиовките. Тие се одличен извор на калиум, манган и многу добар извор на витамин Б6. Плус, тие се кремасти и му ја даваат потребната текстура на густиот напиток.

Портокалите се најпознати како извор на витамин Ц, а содржат и калиум, ликопен, бета-каротен и имаат пријатен слатко-кисел вкус.

Грејпфрутот содржи слични состојки, а може да се пофали и со витамин А (црвениот грејпфрут има повеќе од жолт грејпфрут), холин, магнезиум и многу други здрави материи.

На смутито ќе му даде особено богат вкус, а ако сакате послатки пијалоци, тогаш подгответе го со црвен грејпфрут. Од друга страна, ако преферирате горчливи вкусови, изберете жолт грејпфрут.

Смути за зајакнување на имунитетот

Состојки за две чаши:

  • две исечени банани
  • два црвени грејпфрути, излупени и исечени на парчиња
  • сок и пулпа од еден портокал
  • три лажици грчки јогурт.

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете мазна, хомогена смеса, истурете ги во чаши и уживајте!

Смути подготвено на овој начин има 224 калории по порција. Овошните состојки му даваат доволно сладост на ова смути, но доколку сакате уште посладок вкус, можете да додадете мала количина мед или јаворов сируп. Тогаш, се разбира, самиот пијалок ќе содржи повеќе калории.

Треба да се има на ум дека грејпфрутот не е погоден за секого, пред се затоа што има интеракција со бројни лекови.

Неговите најпознати ефекти се на статините (лекови за намалување на холестеролот), блокаторите на калциумовите канали (за намалување на крвниот притисок) и некои лекови за ментални болести. Упатството за употреба на лекови наведува дали тие имаат интеракција со одредени намирници, па ако користите некој од горенаведените, прескокнете го овој рецепт.

ИЗДВОЕНИ