Северна Кореја за прв пат призна дека има капацитет за збогатување ураниум

56
EPA-EFE/KCNA

Северна Кореја за прв пат јавно откри дека има капацитет за збогатување ураниум, објави јужнокорејската агенција Јонхап.

Како што јавија севернокорејските државни медиуми, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на посетата на контролната соба во капацитетот за збогатување ураниум повикал да се зголеми бројот на центрифуги за зголемување на нуклеарното оружје за самоодбрана.

Ким го упати повикот за време на посетата на Институтот за нуклеарно оружје и производствената база на „нуклеарни материјали за оружје“, наведе севернокорејската новинска агенција KCNA.