Северна Кореја ја нападна Јужна со балони од ѓубре – предупредување до граѓаните да останат дома/ВИДЕО

87

Северна Кореја пуштила 150 балони со пропагандни летоци и ѓубре над провинциите на југ, што ги навело властите да ги предупредат жителите да останат дома и да не ги допираат балоните и пластичните кеси затоа што содржат валкан отпад и ѓубре, пишува објави Би-Би-Си.

Балоните се пронајдени во осум од девет провинции во Јужна Кореја и сега се анализираат.

Северна и Јужна Кореја користеле балони во нивните пропагандни кампањи од Корејската војна од 1950 -тите. Неодамнешниот инцидент се случи неколку дена откако Северна Кореја рече дека ќе се возврати на „честото ширење на летоци и ѓубре“ во граничните области од активисти на Југот.

„Еден куп стара хартија и нечистотија наскоро ќе бидат расфрлани низ граничните области и внатре во Јужна Кореја“, рече заменик министерот за одбрана на Северна Кореја, Ким Канг Ил во изјава за државните медиуми.

Јужнокорејската новинска агенција објави дека „се чинеше дека некои од паднатите балони носат измет, судејќи според темната боја и мирисот“ “

Јужнокорејската армија го осуди делото како „очигледно кршење на меѓународното право“.

„Ова сериозно ја загрозува безбедноста на нашиот народ. Северна Кореја е целосно одговорна за она што се случува заради балоните и силно ја предупредуваме Северна Кореја веднаш да ја прекине оваа нехумана и груба акција“, рече армијата.