Сестрата на Фросина побара правда: Да одговараат и таткото на возачот и судијката која го ослободила од казната

45

Росица Кулакова, сестрата на Фросина, која пред пет дена го загуби животот во сообраќајната несреќа на пешачкиот премин пред Унивезалната сала во Скопје побара правда не само од убиецот, туку и од таткото на возачот Васил Јованов.

„Бараме да се затвори таткото, да одговара Зоран Јованов, како и судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа да покажат сочуство кон нашето семејство, туку кукавички се кријат и ја бришат својата јавна активност. Правда за Фросина мора да постои и овој случај не смее да се повтори“, изјави Росица.

„Општеството е огледало на вредностите што ги носат оние кои го водат, а децата се начистиот одраз на своите родители. Не може да се очекува чесно и одговорно управување од луѓе кои не успеале да ги всадат основните морални и општествени вредности дури ни во сопствениот дом. Доделувањето на држвните фунцкии не смее да се сведе само на формални образовни критериуми, јавните функции мора да ги извршуваат луѓе со интегритет, кој својот карактер го покажале и во својот живот како граѓани, родители. Оној што не успеал да го воспита сопствениот наследник, да ги почитува законите, да разликува добро од зло и да живее чесно, не може да бара доверба да управува со државата. Ваквите лица не смеат да добијат јавна функција туку да одговараат за сопственото делување, но и за криминалните постапки на своите помлади полнолетници. Општеството не смее да биде заложник на луѓе без морални темели“, рече Росица Кулакова.

На крајот, посака никој да не го поминува ова што го минува таа и нејзиното семејство.

ИЗДВОЕНИ