Сериски убиец дивее низ Германија – жртвите се редат, но, што ги поврзува?

66
EPA Clemens Bilan

За четири месеци четири жени биле убиени во германскиот град Манхајм во радиус од само 20 километри. Последната жртва е откриена пред неколку дена. Жителите се во страв и се прашуваат дали има сериски убиец на жени со оглед на тоа што убиените жени на никаков начин не биле меѓусебно поврзани.

Полицијата трага по сведоци во случајот со 36-годишна жена која беше пронајдена мртва во близина на Лампертхајм во средината на септември.

Според полицијата и обвинителството, тие се надеваат дека ќе добијат информации од двајца мажи кои биле видени во близина на местото на злосторството на денот кога било пронајдено телото. Инспекторите бараат и дополнителни информации за мало возило кое било во близина на местото на злосторството.

Како што претходно објавија медиумите, четири недели откако непознат маж избодел со нож 36-годишна учителка која трчала во близина на Манхајм, во понеделникот, 14 октомври, повторно е откриено тело на жена.

Овој пат се работи за 51-годишна жена.

Неколку недели претходно беше пронајдено безживотното тело на 40-годишна жена од Бенсхајм.

Таа претходно била пријавена за исчезната откако ја однела ќерка си во градинка. Само еден ден подоцна, истражителите објавија дека на брегот на Рајна во близина на Вормс била пронајдена тинејџерка.

Местата каде се пронајдени телата на сите жени се наоѓаат во радиус од само 20 километри. Според досегашните информации, сите четири жени се убиени. Сепак, врската меѓу убиствата се чини неверојатна за инспекторите. Во случајот со удавената тинејџерка, приведени се нејзините родители. Тие беа обвинети за убиство од небрежност.

Полицијата истражува и се обидува да ги расчисти кривичните дела.