Сериозен случај за безбедносните служби: Во близина на резиденцијата на премиерот на Израел паднале две ракети

13

Две ракети синоќа паднаа во близина на приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во градот Цезареја, во центарот на Израел, соопштија безбедносните служби и го опишаа како „ сериозен случај“.

-Околу 19:30 часот (по локално време), две ракети паднаа во дворот пред премиерската резиденција, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и израелската разузнавачка служба Шин Бет.

Премиерот и неговото семејство не беа во куќата, додаваат службите, оценувајќи дека станува збор за „опасна ескалација“. Не е прецизирано од каде биле истрелани ракетите.

На 22 октомври, беспилотно летало ја погоди резиденцијата на Нетанјаху. Тогаш, премиерот на Израел не беше во својот дом, но го обвини движењето Хезболах, дека се обидуваат да го убијат него и неговата сопруга.