Неколку послаби земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, го погодија јужниот грчки регион во текот на ноќта и утрово, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Епицентарот на овој земјотрес, кој се случи утринава во 07:22 часот, се наоѓа на девет километри од Захар и 93 километри од Патра на длабочина од шест километри.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.