Во неделата попладне Грција ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Почувствуван е во поморското подрачје на Халкидики и Солун, а десетина последователни потреси се забележани во областа Неа Мудања. Земјотресот беше почувствуван и во јужниот дел на нашата земја.
„Кратко, но силно“, „Се тресеше мебелот“, „Силно се тресеше“, „Доста силно и долготрајно“, се само дел од коментарите на Грците кои го почувствуваа земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Научниците ја следат сеизмичката активност и ги бележат сите докази. Професорот по сеизмологија Костас Папазахос истакна дека ќе има постсеизмичка активност, но исто така посочи дека регионот нема историја на сериозни земјотреси, пренесува Еуроњус.
Полицијата и пожарникарите за локалните медиуми изјавиле дека засега никој не пријавил поголема штета, пишува АП.
Акис Целентис, директор на Геодинамичкиот институт, рече дека земјотресот со јачина од 5,2 степени го предизвикал „засега непознат подводен расед“.
Инаку, земно