Огромни експлозии беа забележани синоќа во Бејрут, со бројни извештаи за борбени авиони кои се виденин над либанската престолнина. Ројтерс јавува дека серија силни експлозии одекнале во близина на аеродромот во Бејрут.
Извор близок до Хезболах изјави за АФП дека Израел извршил 11 последователни напади врз јужните предградија на Бејрут.
Новинарот Тимур Азхари сподели снимка за која рече дека ги прикажуваат најновите напади, за кои рече дека изгледаат како уште помоќни од израелските напади минатиот петок во кои беше убиен лидерот на Хезболах Хасан Насрала.
These last strikes came one after the other, very similar to the attack that killed the Hezbollah leader less than a week ago.
But seem even more prolonged and powerful.
Just watch: pic.twitter.com/MIwoXWYvD6
— Timour Azhari (@timourazhari) October 3, 2024
На снимките на Ројтерс се гледа огромна огнена топка придружена со голем облак чад што се издига над јужните предградија на Бејрут.
Жителите кои живеат во близина на згради во предградијата на јужен Бејрут добија наредба од израелската армија да се евакуираат.
Stanovnicima koji žive u blizini zgrada u predgrađu južnog Bejruta naloženo je od strane izraelske vojske da se evakuišu.