Ричард Ширеф смета дека вложувањата во одбраната на Европа се повеќе од неопходни, зашто ако ја пропушти можноста да стане господар на сопствената судбина, Путин ќе биде тој што управува. Генералот има прилично детално предвидување за следните две години, од руска војска во Донбас до заземање територии во Украина од страна на Путин и, како што вели, овој пат Трамп ќе го прифати под „наметката“ на мировните преговори. Тој верува дека Кличко би можел да го замени Зеленски и потоа, искористувајќи го враќањето на тоталната војна, да истрела нуклеарни проектили кон Русија, кои ќе бидат развиени во следните две години
Европските лидери го зголемуваат издвојувањето средства за одбрана додека ги разгледуваат плановите за праќање човечки сили во Украина, со или без поддршка од САД. Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, најави дополнителни 15 милијарди за одбранбените трошоци секоја година дo 2027 година. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најави околу 800 милијарди за вооружување на Европа и на Украина. Полска предничи со планот да издвои 4,7 отсто од својот БДП за одбрана, што е повеќе од 3,4 отсто колку што издвоија САД минатата година. Одбранбениот буџет на Франција би требало да достигне 68 милијарди годишно до 2030 година.
Вложувањата во одбраната ѝ се повеќе од неопходни на Европа, смета пензионираниот британски генерал, Ричард Ширеф, поранешен заменик-командант на силите на НАТО во Европа. Тој прогнозира дека за две години би можела да почне сеопшта војна со употреба на нуклеарно оружје, а тоа би се случило кога поранешниот боксер и градоначалник на Киев, Виталиј Кличко, ќе ја преземе претседателската функција во Украина, од Володимир Зеленски. Генералот е уверен во тоа.
Ширеф смета дека сега рускиот претседател, Владимир Путин, е подготвен да ја искористи ситуацијата, што значи дека прекинот на огнот што ѝ го наметнува Трамп на Украина никогаш нема да доведе до мир. Предвидува дека доколку дојде до натамошна војна, руските тенкови во следните две години ќе се префрлат преку границата во Естонија и во Латвија, објаснувајќи дека „во рок од четири часа ќе бидат во близина на главниот град на Естонија, Талин“.
– Засилениот напреден борбен тим предводен од Британците во Естонија ќе даде краток отпор, но ќе претрпи големи загуби пред да биде принуден да се повлече. На крајот, тоа би предизвикало Велика Британија да се изјасни дека формално војува со Русија, а британските сојузници Германија, Франција и Италија да го следат примерот – објаснува Ширеф, пренесува „Вечерњи“.
Британскиот генерал има прилично детално предвидување за следните две години, од руска војска во Донбас до заземање територии во Украина од страна на Путин и овој пат Трамп ќе го прифати под „наметката“ на мировните преговори. Тој верува дека Кличко би можел да го замени Зеленски и потоа, искористувајќи го враќањето на тоталната војна, да истрела нуклеарни проектили кон Русија, кои ќе бидат развиени во следните две години, уништувајќи ја Москва и предизвикувајќи ултранационалистички пуч во градот, како и отцепување на различни „вазалски републики на Далечниот Исток и во Кавказ“. Ова, смета тој, ќе води до пад на режимот на Путин, а со тоа и до зголемена руска воинственост, не заборавајќи на фактот дека овие ултранационалисти се уште поагресивни.
– Ова, можеби, е фикција, но ако ја пропуштиме можноста да станеме господари на сопствената судбина, Путин ќе биде тој што управува. Повторно, дали ќе преживее Западот, зависи од тоа колку добро сме подготвени. Има многу докази за желбата на Путин за проширување. Најмалку 150.000 луѓе, главно цивили, беа убиени кога Русија ја задуши војната во Чеченија, регион во Русија, во текот на 1990-тите. Исто така, стотици беа убиени, а речиси 200.000 луѓе беа раселени во руската инвазија на Грузија во 2008 година – рече ексгенералот Ширеф, додавајќи дека „Русија убила голем број цивили во воздушните напади во Сирија“.
Тој посочува дека Русија применила кон Украина многу од тактиките во Сирија, од воздушни напади до платеници на Вагнер.
– Стотиците милијарди евра инвестирани во зајакнувањето на нашите вооружени сили во изминатите две години значи дека можеме да се одбраниме и силно да возвратиме – смета Ширеф.