Словенецот Јан Облак би можел да го напушти Атлетико Мадрид по една деценија и да ја продолжи кариерата во турскиот гигант Галатасарај. Иако има договор со „јорганџиите“ до 2028 година, сепак 32-годишникот би можел да ја продолжи кариерата во Турција.
Галата ќе биде без познатиот Фернандо Муслера на крајот од сезоната. По 14 години, легендарниот Уругваец го напушта истанбулскиот клуб, а раководството на тимот веднаш почна да бара негова замена.
- Амбициите се големи и се одлучија за Јан Облак. Галатасарај е заинтересиран за Облак, со кого веќе разговараше за условите за соработка – истакна турскиот новинар Али Наџи Кучук.
Цената на одличниот голман е 25 милиони евра и Галата е подготвена да му ја исплати таа сума на Атлетико Мадрид.