Драфтот на НФЛ се одржа ноќта помеѓу четврток и петок и видовме многу интересни работи. На НФЛ-драфтот во 2025 година се појавија голем број интересни имиња, а Тенеси Тајтанс го имаше правото на прв избор и го искористи за да избере квотербек од Универзитетот „Мајами“.

Така, со сензационален потег, Кам Ворд стана новиот квотербек на Тенеси.

Камерон Ворд беше регрутиран без ѕвезди и стигна до првиот пик на драфтот на НФЛ, а човекот за кој зборуваа сите, Шедур Сандерс (син на Дион Сандерс), не беше избран дури ни во првата рунда.

  • Секако дека не очекувавме вакво нешто, но верувам дека со Бога сè е можно. Не мислам дека се случи ова без причина. Сето ова е масло за огнот. Сите знаеме дека не требаше да се случи ова, но знаеме и дека нè очекуваат поголеми и подобри работи. Утре е нов ден. Ќе бидеме среќни без разлика што ќе се случи – порача Сандерс.

 

 

ИЗДВОЕНИ