EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Британецот Ландо Норис со својот Мекларен Мерцедес славеа на трката за Големата награда на Мајами, што воедно е негова прва победа во Светскиот шампионат во Формула 1.

Норис стартуваше од петтата позиција, но одлично се снајде во текот на целата трка, иако имаше малку среќа кога на патеката се појави безбедносното возило.

Тоа се случи во 28. круг додека тој беше на врвот на поредокот, пред светскиот шампион Макс Верстапен.

Веднаш по заминувањето на безбедносното возило, Холанѓанецот се обиде да го врати водството уште во првиот свиок. Во тој момент 25-годишниот Норис го одби нападот и потоа продолжи да ја зголемува предноста до конечна победа, прва по 110 извозени трки.

Покрај тоа што славеше првпат во кариерата, Норис стана 21. британски возач во историјата на Формула 1 кој победил на една од Гран При трките. Исто така, неговиот Мекларен победи за прв пат од трката во Монца во 2021 година.

Втор беше Верстапен со заостанување од над седум секунди, додека на подиумот се искачи и Шарл Леклер од Ферари (+9,920).

Во генералниот пласман Верстапен е прв со 136 бодови, втор е неговиот тимски колега Серхио Перез (101), додека трет е Леклер (98).