EPA/RAINER JENSEN

Во Германија почна судењето на тројца мажи кои се обидоа да го уценат семејството на Михаел Шумахер. Тројцата обвинети пред судот во градот Вупертал се обвинети дека се обиделе да го уценат семејството на Михаел Шумахер со закана дека ќе објават 900 фотографии и 583 видеа преземени од компјутерот кој ги содржи сите здравствени податоци на седумкратниот шампион во Формула 1. Тие барале од семејството да им плати 15 милиони евра под закана дека ќе ги објават сите фотографии и снимки на Интернет.

Бидејќи беше познато дека материјалот не може да се добие доколку не им биде доставен на уценувачите од некој близок до семејството, поведена е истрага.

Семејството се сомнева во медицинската сестра која со години се грижела за Шумахер и која ја напуштила работата во 2020 година. Се очекува истрагата да биде проширена и со неа, откако сомнежите прво ги искажа менаџерката Сабине Кем, менаџерката на познатиот возач.

Шумахер се повреди на скијање пред нешто помалку од 11 години и оттогаш практично ништо не се знае за неговата здравствена состојба.