Бруно Фернандеш е капитен на Манчестер Јунајтед и една од големите фудбалски ѕвезди, но многу фанови беа изненадени кога сфатија дека и неговиот брат се занимава со истиот спорт, но сепак неколку нивоа пониско и после се, тој е принуден да работи екстра.
Фернандеш е пет години во Манчестер Јунајтед по доаѓањето од Спортинг и веќе има 262 настапи на кои постигна 86 гола и ги освои Карабао Купот и ФА Купот.
Без сомнение, тој е еден од најдобрите во актуелниот тим на „црвените ѓаволи“. Со години е успешен, игра важна улога во португалската репрезентација, а неговиот брат Рикардо исто така игра во Англија, за нисколигашот Рофи ФЦ.
Рикардо, кој е пет години постар и изгледа речиси идентично како неговиот славен брат, игра и во средниот ред, а интересно, тој е капитен на неговиот тим, исто како и неговиот брат во Јунајтед. Меѓутоа, за разлика од Бруно, Рикардо има две работни места, па освен фудбал, оди и на работа во болница.
„Ние имаме различни животи. Бруно е професионален фудбалер и јас работам за NHS. Кога бев млад, моите пријатели и блиското семејство веројатно мислеа дека јас сум братот што ќе успее, а не тој“,изјави Рикардо за FourFourTwo.
Многумина се зачудија кога сфатија дека и братот на Бруно е фудбалер и дека работи и како здравствен работник. Освен тоа, тие многу личат, а Рикардо често го прашуваат за неговиот брат.
“Немам ништо против луѓето да доаѓаат кај мене и да зборуваат за мојот брат. Мило ми е што Бруно е познат низ целиот свет. Манчестер Јунајтед беше голем чекор за него. Често е критикуван, но мора да живеете со тоа кога си во толку голем клуб“, изјави Рикардо.
Рикардо често беше покрај својот брат, дури и кога играше во Италија во Новара. Секако, јасно е дека поради богатството на Бруно Фернандеш, Рикардо не мора ништо да прави, но е решен „сам да го заработи секој денар“.
Има среќно семејство и ужива во животот, а со Бруно е во постојан контакт. Тој признава дека би сакал да имаа можност да играат заедно, но свесен е дека Бруно е многу подобар и поталентиран, но и дека работел повеќе во текот на кариерата.