Семејна топлина и велигденска радост во домот на СОС мајка Соња

89

Во ова семејство во кое живеат пет деца подготовката за Велигден започнува со фарбање на јајцата – традиција што ја следат сите дечиња. Прво, најмладите ги избираат боите, секој ја избира омилената, а повозрасните деца потоа ќе ги украсат јајцата со мали слики и орнаменти. -Бојосувањето на јајцата е еден од најубавите моменти. Децата навистина се вклучуваат. Секое има своја боја што ја избира. Некоја ќе го направи своето јајце црвено, а некој ќе додава декоративни детали како мали слики или стикери. Тоа е момент на креативност и забава, но и учење за симболиката на Велигден. Децата креираат заедно, учејќи ја важноста на традициите и важноста на тимската работа – ја опишува подготовката за празникот Соња.

Таа вели дека за неа ова е момент да ги учи децата како да почитуваат различните потреби

Згрижените дечиња во СОС Детското село во населбата Маџари со нетрпение го очекуваат големиот христијански празник Велигден. Во ова село има осумдесетина згрижувачки семејства секое со своја посебна приказна и уникатен дух, но кога е во прашање овој празник тие се обединети во едно, СОС мајките настојуваат да им приредат изненадување на дечињата и со тоа да им овозможат со топлина и радост да им го направат посебно празнувањето.

Сите на свој начин се подготвуваат на посебен начин да го прослават овој празник. Во семејството на СОС мајката Соња живеат пет деца: три момчиња и две девојчиња.  Децата, иако доаѓаат од различни примарни семејства, тука споделуваат исти вредности – љубов, заедништво и почитување на различностите.

Во ова семејство подготовката за Велигден започнува со бојосување на јајцата – традиција што ја следат сите дечиња. Прво, најмладите ги избираат боите, секој ја избира омилената, а повозрасните деца потоа ќе ги украсат јајцата со мали слики и орнаменти.

– Бојосувањето на јајцата е еден од најубавите моменти. Децата навистина се вклучуваат. Секое има своја боја што ја избира. Некое ќе го направи своето јајце црвено, а некое ќе додава декоративни детали како мали слики или стикери. Тоа е момент на креативност и забава, но и учење за симболиката на Велигден. Децата креираат заедно, учејќи ја важноста на традициите и важноста на тимската работа – ја опишува подготовката за празникот Соња.

Таа вели дека за неа ова е момент да ги учи децата како да ги почитуваат различните потреби.

-Како да се договориме кога некој сака чоколаден колач, а некој инсистира на баклава… Ова се моменти за создавање на нови спомени – вели таа.

Соња раскажува дека ден претходно следи заедничкото готвење.

Вели дека подготвува традиционални велигденски јадења, но и заедно со децата прават специјалитети кои ги сакаат.

-Што се однесува до трпезата, сите се вклучени. Момчињата помагаат со чистењето на зеленчукот, а девојчињата ги подготвуваат салатите. Заедно, сите готвиме – некои прават колачи, други помагаат за подготовка на скарата или традиционални македонски јадења. Овој процес на заедничко готвење е важен, бидејќи децата учат како да се грижат за семејството и како да создаваат убави моменти со еден со друг – нагласува Соња.

Она што е посебно, додава Соња е што Велигден е ден кога, сите се облекуваат свечено, а потоа следува и најомилената игра на децата.

-Најчесто девојчињата избираат фустани, а момчињата кошули и панталони. Кога сè е подготвено одиме во дворот. Јајцата ги кријам низ дворот, а децата трчаат да ги најдат. Тоа е навистина забавно, затоа што секое дете има своја стратегија и сака да биде прво. Љубопитноста и возбуда се огромни, а за нив тоа е игра која ги учи на соработка и заедничко уживање. После тоа, се собираме и ги споделуваме нашите желби. Секој има право да изговори желба за подобро утре, и тоа е момент кој ми е особено важен. Верата во нови почетоци и подобри денови е она што го учиме на децата, и мислам дека тоа е најголемата сила на празникот – потенцира Соња, додавајќи дека секоја насмевка на нивните лица ја прави атмосферата магична.

Она дете кое ќе собере најмногу јајца, се надева на награда, а наградата за сите е иста, силна прегратка за сите деца.

– Тие знаат дека на овој ден, заедно го слават животот, а надежта за подобро утре ги води во сите нивни следни чекори – со возбуда нагласува Соња.

Таа додава дека сето ова не е само подготовка за празникот, туку и учење за тоа како заеднички да се создаде нешто убаво.

-Децата се среќни што учат како да се грижиме едни за други, како да ги почитуваме празниците и да се радуваме на заедничките моменти – истакна Соња.

Иако семејство на Соња е многу разнолико таа успева да  создаде хармонијата и разбирање помеѓу децата. За неа, различностите во семејството не се нешто што треба да се избегнува, туку напротив смета дека тие се богатство.

– Ние постојано разговараме за тоа, ги учиме децата да се почитуваат. Важно е да се создаде средина каде што сите ќе се чувствуваат ценети и сакани – наведува таа. 

Пораката од Соња за другите луѓе кои би сакале да станат згрижувачки семејства е дека доколку чувствуваат дека имаат простор во нивниот дом и срце за едно дете, да не се двоумат.

-Згрижувачкото семејство не е само за да им обезбедите сигурност, туку и за да ги научите децата на љубовта, почитта и вредностите кои ќе ги водат во животот. Празниците, како што е Велигден, се идеални моменти за да се изгради овој тип на врска. Ако можете да бидете дел од животот на едно дете, тоа ќе ви донесе многу радост и задоволство – вели мајка Соња.

(А.П.)

ИЗДВОЕНИ