Семејна драма во Сплит: Син ги тепал родителите со чекан

16

Хрватската полиција синоќа околу 19 часот и 30 минути добила пријава за две тешко повредени лица кои биле пронајдени во стан во Сплит, соопшти сплитската полиција.

Како што пренесе Индекс.хр., станува збор за маж и жена кои се пренесени во болница на преглед и лекување. Во меѓувреме, нивниот син е уапсен и против него е отворена кривична истрага бидејќи наводно ги удрил со тап предмет, најверојатно со чекан.

Медиуми додаваат дека најверојатно се работи за психички нестабилна личност.

Полицијата постапувала пред шест години со него, кога бил однесен на лекување во психијатриска болница.

– Местото на настанот е обезбедено и ќе се спроведе истрага во рамки на кривичната истрага – соопштија од Полициската управа на Сплит-Далмација.