Жителите на селото Климештани, кое се наоѓа 15-ина километри северно од Охрид, за в сабота најавија граѓански протест со блокада на каменоломот во непосредна близина на селото.

Според најавеното, тие ќе се соберат за на тој начин да го изразат своето незадоволство од начинот на кој се експлоатира ископот, со наводно непридржување кон законските одредби на компанијата што стопанисува.

Жителите на селото се револтирани што со копањето селото и нивните ниви се затрупани со прав, а од минирањето во каменоломот се нарушува статиката на нивните објекти за домување. Истовремено, предупредуваат дека им се уништуваат и насадите и дека им е загрозено и водоснабдувањето.

– Немаме време да чекаме на милост или на немилост од одговорните. Ги земаме работите во свои раце – се наведува во повикот за најавениот протест на климештанци.

 

ИЗДВОЕНИ