
Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, може да го напушти редовите на турскиот суперлигаш Фенербахче, објави „Todofichajes“. Фудбалската федерација на Бразил е заинтересирана за потписот на 62-годишниот стручњак. Сепак, главната цел на ФФБ останува актуелниот предводник на шпанскиот гигант Реал (М), Карло Анчелоти. Од друга страна, Мурињо има договор со Фенербахче до 30 јуни 2026 година.