По повод концертот, Милица завчера, во македонската метропола, одржа вистинска голема прес-конференција на која дојдоа голем број македонски естрадни новинари од многу медиуми, меѓу кои, секако, и ние од весникот ВЕЧЕР. Беше облечена по последна мода, во провокативна еротска комбинација. Скапите модни парчиња, модерно комбинирани, изгледаа одлично на нејзиното згодно тело
Милица Павловиќ е една од моментално најпопуларните балкански пејачки, покрај Теа Таировиќ, Јелена Розга, Северина, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша, Гоца Тржан и Цеца Ражнатовиќ и дојде во Скопје за да го претстави својот најнов музички материјал во рамките на големата европска турнеја насловена „Лав“. Таа, како лавица, ќе ја побара среќата со лавот, така се вели во најавата, и нема причина да не веруваме. Атрактивната секси Мица воедно ги поканува сите момчиња што се во љубовна врска да им купат билети на своите девојки, сопрузите на своите сопруги и сите заедно и сложно да дојдат да ја слават љубовта со нејзините песни и со најдоброто македонско вино. Затоа што тричасовниот концерт со неа ќе биде на 14 февруари, на Свети Трифун и Свети Валентин, во арената „Јане Сандански“.
По повод концертот, Милица завчера, во македонската метропола, одржа вистинска голема прес-конференција на која дојдоа голем број македонски естрадни новинари од многу медиуми, меѓу кои, секако, и ние од весникот ВЕЧЕР. Беше дојдена со белиот прилично скап „ренџ-ровер“ и облечена по последна мода, во провокативна еротска комбинација. Нејзините модни парчиња, модерно комбинирани, изгледаа одлично на нејзиното згодно тело. Таа, видно расположена и многу пријатна за комуникација со новинарите, одговараше снаодливо на сите наши пријатни и непријатни прашања.
Меѓу другото, отворено призна дека сега нема момче, дека е соло и дека е отворена за сериозна врска. Вети дека ќе ја бара љубовта кај нас, во Скопје. Македонците се по нејзин вкус, „сексапилни, еротични и физички мошне привлечни“. Како што раскажа, во Скопје се вљубува, секогаш со голтките на најдоброто македонско вино. Така што ќе се потруди да си ја побара среќата со некое момче Македонче. Истакна дека ја обожава македонската музика. Особено ги сака песните на Тоше Проески со кои, вели, пораснала, но ги спомена и оние на Каролина, Калиопи… Сите присутни на прес-конференцијата ги остави без здив кога ја испеа српската верзија на некогаш големиот хит со Тоше Проески, песната „Ледена“.
–
Милица не крие дека ја сака многу вкусната македонска здрава храна. Особено не може да им одолее на благите работи, кои ѝ се слабост и кои ги има пробано во Македонија. Ја издвои баклавата, за која рече дека е подобра и од онаа сараевската. Милица зборуваше за сите детали од својата кариера, љубезно одговарајќи на поставените прашања од љубопитните новинари, на кои им откри дека има нова песна. За најдобри свои пријатели од српската естрада ги издвои Ана Бекута, Саша Матиќ, а особено е другарка со Јелена Карлеуша. Зборуваше емотивно за детството и малку се расплака раскажувајќи за своите многу сакани баба и дедо, кои не се веќе меѓу живите, но кои грижно ја чувале по разводот на родителите. Со мајка и не комуницира и тоа доста тешко и паѓа.
На турнејата „Лав“, со концертот во Скопје, публиката ќе има уникатна можност да се распее со сите нејзини добро познати хитови, а, секако, и со најпеаниот хит „Секси сењорита“. Убавата Мица најави и свои ексклузивни гости на концертот, но не ги кажа нивните имиња, објаснувајќи дека сака да биде тоа вистинско изненадување за сите. Сепак, дознавме дека станува збор за две вистински пејачки ѕвезди, едната е од Србија, а другата – од нашата Македонија. Дуле М. фото:ВЕЧЕР