Сексапилната српска пејачка Милица Тодоровиќ неодамна се свршила со своето ново момче, бизнисменот Марио од Хрватска. Се зборува низ естрадата дека тој за неа купил свршенички прстен вреден неверојатни 150.000 евра. Милица сега проговори за прстенот, конечно откривајќи ја вистината.
– Будалаштини! Тоа е прстен којшто самата себе си го купив. Во прстенот се вметнати рубини против негативна енергија, негативните луѓе. Затоа си го купив. Сите мислат дека тоа прстен добиен на подарок од Марио, но не е. Јас не би зборувала повеќе на таа тема, нервозно раскажа згодна Мица.
За Милица и Марио постојано се шират најразлични гласини. Со оглед на тоа дека таа е од православна, а тој од католичка вероисповед, за нивната црковна венчавка ќе има потешкотии. илица се обидува тоа да го сокрие. Но тешко успева. Нивните роднини веруваат дека се најде некое спасоносно решение, некој компромис. Важно дека искрената љубов помеѓу Србинката и Хрватот силно цути. Д.М.