Долго време успешно го криеше својот кам-бек на малите екрани, но овој пат се случи тоа во поинаква форма, во согласност со новата технологија. Се уште згодната Маја Поцевска, поранешна ТВ-новинарка и водителка, ни се врати по седум години пауза, на задоволство на многумина, оние што го сакаат нејзиниот начин на електронска комуникација. Таа сега го води поткастот „Равенка за успех“. Преку опуштен муабет на гледачите, преку Јутјуб-каналот, им пренесува разговори, животни приказни со наши многу познати музичари, пејачи, спортисти, новинари, глумци, бизнисмени, политичари… Со овие муабети, водителката успева да дознае што е, всушност, формулата за успех, дали е успех самото тоа што си некој познат преку скандал или преку некое добро дело или?… Сезоната беше отворена со Игор Џамбазов, кој имаше што да каже на темата за успех. Д.М.