„Секоја ноќ те чекав да се вратиш од свирка, те чекам и сега“ – Потресно збогување на Маја, сопругата на загинатиот гитарист Александар Коларов

841

Сопругата на гитаристот Александар Коларов од Штип, еден од членовите на ДНК што загинаа во несреќата во Кочани, се огласи за прв пат по страшната трагедија. Нејзината потресна порака ја кине душата и ги расплакува сите.

– Најнасмеаниот човек беше Ти. А сега јас, како? Кажи ми како да бидам без тебе кога ми требаш, кога ми требаш…   Без тебе, немам север, немам југ…Ова моето срце знае сѐ, не можам ни ден јас без тебе… Животе, кажи ми да знам зошто морам сама вака јас да живеам… Животе, кажи ми да знам зошто морам сама нови врати јас да отворам? Животе, кажи ми да знам зошто морам сама вака јас да живеам?…

А, вака живеевте, вака и заминавте. Заедно. Молк е во нашите души, мелодијата на животот отиде во вечноста. Чувајте се двајцата таму, горе, чувајте нè нас овде. Ангели на земјата, ангели и на небото. Чувајте местенце за нас на концертите горе. Еден ден пак ќе бидеме заедно. Срце полно рани, рани, во душа празни страници, непишани романи.

Секоја ноќ те чекав да се вратиш од свирка. И секогаш се враќаше. Те чекам и сега… Секогаш ќе те чекам… Чекај ме и ти сега…

Си замина со музика. Петокот со ФИС-бенд, саботата со ДНК. Секогаш скромен и во сенка, но славно замина. Никогаш нема да ја заборавам нашата фраза „Таму кај што се љубиме, никогаш не е мрак“. Зашто Ти си единствената светлина што никогаш нема да згасне. Небото победи, ние загубивме. Единствено таму си достоен за сè што кротко и скромно правеше овде.  Замина со химната на животот и ја однесе во вечноста. Развлечи ја небесната насмевка и дај ни надеж како да продолжиме без тебе. Ти ни ја остави најубавата мелодија на животот – твојата насмевка. Љубов си!!

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ