„Секоја чест за Меси и Роналдо, но никој не е подобар од него“

61
epa11945006 Fenerbahce's head coach Jose Mourinho looks on ahead of the UEFA Europa League Round of 16, 1st leg soccer match between Fenerbahce SK and Rangers FC, in Istanbul, Turkey, 06 March 2025. EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Во очите на фудбалските фанови, особено помладите генерации, Кристијано Роналдо и Лионел Меси важат за најдобри во фудбалската историја.

Ако се земат предвид успесите на теренот, времетраењето, популарноста и сувиот играчки квалитет, Португалецот и Аргентинецот секако имаат аргументи на своја страна.

Сепак, контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, има малку поинакво мислење и смета дека еден човек е подобар од Кристијано и Меси, а трофејниот тренер го запознал пред речиси три децении.

Тоа беше во времето кога „специјалниот“ беше преведувач и асистент во Барселона, прво на Боби Робсон, а потоа и на Луис ван Гал.

Секако, станува збор за славниот Роналдо Назарио, за кого Мурињо рече дека е далеку пред сите кога е во прашање талентот.

„Кристијано Роналдо и Меси имаа најдолги кариери, 15 години беа секој ден на врвот, но ако зборуваме стриктно за талентот и умешноста, никој не е подобар од Бразилецот Роналдо.

„Кога го видов во Барселона, сфатив дека тој е најдобриот играч што сум го видел. Повредите ја убија кариера која можеше да биде уште поневеројатна, но талентот што го имаше тоа момче беше нешто без преседан“, изјави Мурињо.

На врвот на својата тренерска кариера, тој ги бараше сите можни средства за да го запре Меси во Барселона, а бројот на натпревари на кои успеа во тоа може да се избројат на прсти.

Од друга страна, Мурињо неколку години го тренираше Кристијано Роналдо во Реал (М) и успеа да го трансформира во вистинска гол-машина.

Сепак, „специјалниот“ остана на ставот дека Роналдо, кој е познат и како „Ил Феномено“ е тој што има најголем талент од сите играчи што ги видел.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ