Зоран Жиќ (31) од Велика Горица е претставник на швајцарска компанија која графитот од пепелта при кремирање на починатите го претвора во сјајни камчиња. Цената на дијамантот е од 3.000 до 20.000 евра.
Неговата боја варира од бела преку светло сина до сина, а обликот може да се прилагоди. Оваа практика на погребување ја измислиле Швајцарците пред дваесетина години.
„Луѓето сакаат да имаат таков спомен на најблиските кои починале“, вели Жиќ.
Неговата погребна компанија Мирај од пепелта на покојникот прави дијаманти со различни бои и форми. Бидејќи човечката пепел, која по кремирањето тежи околу 2,5 килограми, се состои од графит, таа може да се претвори во дијамант со посебна хемиска реакција.
Тој дијамант се состои исклучиво од тој пепел, нема други примеси, а изработката на тој дијамант трае меѓу три месеци и една година. Кога дијамантот е готов, може да се стави на синџир или прстен“, вели сопственикот на погребалното претпријатие.
За овој тип на погреб дознал на семинар на меѓународни погребници и стапил во контакт со луѓе кои со години се занимаваат со оваа работа. Неговите колеги од Словенија му помогнале и го добил застапништвото на компанијата „Алгорданза“ за Хрватска.
Тој вели дека како и секое човечко суштество, така и секој дијамант е посебен.
„Од класичното погребување во ковчег до дијамантскиот погреб, се трудам да направам се за достоинството на покојникот“, вели Жиќ.
Вакво погребување направено е веќе во 22 земји, од Швајцарија до САД.
Компанијата од Чикаго на оваа работа заработува околу половина милион долари годишно, а интересот секоја година расте за 15 проценти. На многумина оваа идеја на почетокот им е чудна, но верува дека наскоро ќе има многу заинтересирани.
„Одлуката за дијамантскиот погреб на татко ми на почетокот не беше лесна, но набрзо стана јасна и всушност единствена прифатлива. Смртта е секогаш изненадување, дури и ако се знае дека е неизбежна. Емоциите преовладуваат, а сосема разумна и рационална личност верува дека не може да ја испрати својата блиска личност во крематориум. Мислам дека татко ми ќе сакаше да остане меѓу нас како наш драгоцен спомен, пред се што ни се врати симболично, како мал скапоцен камен“, рекла жена која решила на овој начин да го погреба својот татко.
Процесот на производство трае од три месеци до една година. Пепелта во урна се испраќа од Хрватска во швајцарската компанија за дијамантски погреб. Самиот процес трае од три месеци до една година. После тоа, се добива посебен сертификат. За еден дијамант потребни се околу 500 грама пепел, а остатокот се враќа на семејството во урна, објасни Зоран Жиќ.