„Сега останува на Путин да докаже дека сака мир“: Макрон откри за што разговарал со Зеленски во Ватикан

115
X Emmanuel Macron

Францускиот претседател Емануел Макрон по вчерашната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим објави дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот.

Во објава на мрежата X, тој рече дека завршувањето на војната во Украина е цел што ја делат со американскиот претседател Доналд Трамп и дека Киев сака да соработува со Европа и САД за да постигне примирје.

„Сега е до претседателот Путин да докаже дека навистина сака мир. Ќе продолжиме со нашата работа во рамките на ‘коалицијата на добронамерните’, започната во Париз минатиот март, со цел да се постигне прекин на огнот и целосен и траен мир во Украина“, напиша Макрон.

ИЗДВОЕНИ