Сега имаме претстава какви биле во реалноста: Вештачката интелигенција ги „оживеа“ Никола Тесла, Клеопатра, Цезар…/ВИДЕО

413

Вештачката интелигенција визуелно го оживеа Никола Тесла и уште девет други великани од минатото.

Вештачката интелигенција направи револуционерен чекор напред – дигитално ги „оживеа“ некои од најпознатите историски личности. Меѓу нив се Никола Тесла, Јулиј Цезар, кралицата Клеопатра, Винсент ван Гог, кралицата Елизабета I, Абрахам Линколн, Аристотел, Микеланџело, кралот Тутанкамон и Август.

Користејќи напредни алгоритми за вештачка интелигенција и историски записи, научниците создадоа динамични видео реконструкции на овие великани, овозможувајќи ни да ги видиме како трепкаат, ги движат усните и гледаме наоколу. Оваа технологија внесува нова димензија во разбирањето на минатото, но отвора и дискусии за границите помеѓу науката и фантастиката.

Додека некои веруваат дека ова е можност историските личности да се прикажат во пореално светло, други го поставуваат прашањето за етиката и можните злоупотреби. Сепак, едно е сигурно – вештачката интелигенција го менува начинот на кој гледаме на минатото, овозможувајќи ни да го видиме во движење како никогаш досега.

ИЗДВОЕНИ