Сега кој да ги доброи колку се вкупно: Илон Маск во тајност добил уште едно дете со извршната директорка на „Неуралинк“

911

Директорката за специјални проекти на „Неуралинк“, Сивон Зилис, го доби своето трето дете со Маск на почетокот на оваа година, објави Bloomberg. За ова јавно не проговорија, пишува Business Insider.

Милијардерот и Зилис веќе имаат близнаци кои се родени во 2021 година, судејќи според судските документи, поконкретно според барањето на Маск да го носат неговото презиме, а презимето на нивната мајка да биде нивното средно име.

Не е јасно колку деца има вкупно Маск, но во јавноста се познати 11 живи деца: пет со неговата прва сопруга, авторката Џастин Вилсон (едно од нивните деца почина), три со музичарката Грајмс и три со Зилис.

Маск е ко-основач и ко-извршен директор на „Неуралинк“, компанија која развива мозок и компјутерска технологија.

Поранешна вработена во SpaceX го обвини Маск дека постојано барал од неа да го роди негово бебе, според извештајот, пренесе Business Insider. Таа ја одби понудата и подоцна рече дека и било одбиено зголемување на платата. Таа на крајот ја напушти компанијата.

Маск јавно зборуваше за своите ставови за ризиците од падот на наталитетот во 2017 година и рече дека смета дека ова прашање е најголема закана за цивилизацијата. Тој исто така рече дека ги охрабрува своите пријатели да имаат повеќе деца. Еден ден откако Business Insider објави дека добил близнаци со Зилис, тој објави на платформата X дека дава се од себе „да и помогне на кризата со недоволно население“.