Младо момче се качило на цистерна-вагон и доживеало струен удар на пруга во Кисела Вода.
Од МВР за ТВ21 го потврдија овој инцидент.
„Денеска во 14.55 часот на пругата на територија на Кисела Вода, 17-годишник од Волково, кој бил качен на цистерна-вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила. Со возило на Итна помош, повредениот е пренесен во Ургентен центар“, потврдуваат од МВР за ТВ21.