Седум лица загинаа во пожар во станбена зграда во Кировската област

61

Седум лица загинаа во пожар што вечерва избувна во станбена зграда во селото Килмез во Кировската област, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

„Во регионот Киров, претставници на руското Министерство за вонредни ситуации го открија седмото мртво лице“, се вели во соопштението што го пренесува Интерфакс.

Пожарот зафатил 480 квадратни метри од објектот, а во гаснењето учествувале 46 пожарникари.

ИЗДВОЕНИ