„Седмица за собирање е-отпад“

25

Општина Македонска Каменица и ЈП „Камена Река“, во соработка со „Елколект“ од Скопје, ѝ се приклучуваат кон глобалната иницијатива за заштита на животната средина „Седмица за собирање е-отпад“.

Акцијата во Македонска Каменица, како и во повеќето општини во Македонија, ќе се одржи во периодот од 23 до 27 септември 2024 година. Од Општина Македонска Каменица информираат дека целта на активноста е да подигање на свеста кај граѓаните за важноста за правилното фрлање на старите електронски уреди од домаќинствата.

Овој вид отпад содржи опасни материи, кои треба правилно да се фрлат, бидејќи може да бидат причинители за контаминирање на почвата и на подземните води со опасни материи. ЈП „Камена Река“, дополнително ќе ги објави начините на собирање, како и локациите со собирните пунктови, каде што граѓаните ќе можат да извршат примопредавање на е-отпадот.

Со оваа акција, Општина Македонска Каменица и ЈП „Камена Река” даваат свој придонес за чиста и здрава животна средина. Од Општината напоменуваат дека треба граѓаните масовно да се вклучат во оваа интернационална кампањата за да покажат висока свест и одговорност кон природата.