Поскапуваат горивата, ова се новите цени

34

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се зголемуваат за 2,00 ден.

Новата малопродажна цена на литар Еуросупер БС-95 ќе чини 73,5 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе се продава за 75,5 денари, а литар дизел за 66 денари.

За денар и половина поскапува и Екстра лесно масло и килограм од полноќ ќе чини 65,5 денари. Со одлуката на РКЕ се зголемува и цената на мазутот чија цена од полноќ ќе биде 37,155 денари за килограм.

ИЗДВОЕНИ