Се зголемуваат безбедносните мерки околу базиликата во Рим каде ќе биде погребан папата

37

Повеќе од 128.000 луѓе поминаа од средата наутро покрај телото на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, кое беше пренесено во базиликата Свети Петар во Рим, за да се простат од него, соопшти Ватикан.

Подготовките продолжија во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим каде во сабота ќе биде погребан папата Франциско.

Мерките за безбедност околу базиликата се зајакнати со зголемувањето на бројот на посетители, јавува Anadolu Agency,. Шеснаесет вековната базилика Санта Марија Маџоре стои високо на ридот Ескилин како нем сведок на римската историја. Изградена во 5 век и осветена од папата Сикст III, базиликата Санта Марија Маџоре е една од четирите папски базилики во Рим, заедно со Свети Петар, Свети Јован Латеран и Свети Павле надвор од ѕидовите.

Во сабота, 26 април, по погребот кој ќе се одржи во 10 часот во базиликата Свети Петар, ковчегот на папата Франциско ќе биде пренесен во црквата Санта Марија Маџоре, каде што ќе биде погребан во нишата помеѓу капелата Паулина и капелата Сфорца, во левиот кораб. На неговиот надгробен споменик, според неговата изразена желба, ќе стои само зборот: „Франциск“. Ковчегот ќе биде ставен во гола земја, како знак на понизност и едноставност.

ИЗДВОЕНИ