Во италијанската област Емилија Ромања е издаден црвен метеоролошки аларм поради силно невреме и силен дожд, додека во Тоскана на сила е портокалово предупредување.
Училиштата во неколку општини се затворени, а во општина Болоња планирана е евакуација на сите приземни простории. Во Тоскана и Фиренца, каде што е на сила портокалова тревога, училиштата, универзитетите и парковите се затворени. Поради ризикот од поплавување на реките и лизгање на земјиштето во провинциите Болоња, Равена и Ферара, цивилната заштита го подигна нивото на тревога на црвено. Водостоите на реките Сенио, Ламоне и Сантерно веќе го надминаа очекуваното ниво.
Врнежите продолжија и во текот на ноќта во овие подрачја, а службата за поплави е активирана на неколку пловни патишта.
🟡Fiume Arno a Firenze: Superato il primo livello di allarme (Allerta 1: 3.00 m; Allerta 2: 5.50 m). Alle ore 07:40 è a 3.40 pic.twitter.com/A8acWFfco0
— Italia 24H Live 🔴 – Notizie dall’Italia (@Italia24HLive) March 14, 2025