Се засилуваат контролите на увозот на свеж зеленчук од Албанија

88

Македонија ги засилува контролите на увозот на свеж зеленчук од Албанија. Само во последниве денови, во земјава влегле неколку камиони со домати и со краставици од соседна Албанија.

– Иако Македонија и Албанија имаат договор за слободна трговија и си ги признаваат фитосертификатите, сепак Македонија има право и веќе се прават проверки со земање мостри дали е безбеден зеленчукот, односно дали увезениот зеленчук е третиран со пестициди што се од дозволената европска листа со средства за заштита на растенијата, кои гарантираат безбедност за потрошувачите – вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Пестициди се соединенија што служат за спречување на биолошки штетните организми во земјоделството, шумарството, комуналната хигиена, медицината и во ветерината. Тие се применуваат за штетниците што ги дефинирал човекот како проблем. Пестицидите се употребуваат кога ќе се оцени дека еден организам што е прогласен за штетен, е присутен во некоја култура.

Иако постојат и други начини за третирање на штетниците, сепак, најбрз и најефикасен начин е со пестициди. Фотосанитарните експерти велат дека е тешко да се замисли модерното земјоделство без нив, но нивната употреба е секогаш ризик. Минатата година во декември, од ЕУ беа вратени пратки од Албанија со мандарини со високо ниво на пестициди. Неофицијално, голем дел од земјоделците во Албанија сè уште употребуваат пестициди што се забранети и штетни.

ИЗДВОЕНИ