Се запалил покривот на напуштени објекти во поранешната касарна во кумановската населба Бедиње

71

Пожар зафатил покривна конструкција на напуштени објекти во поранешната касарна „Христијан Тодоровски-Карпош“ во населбата Бедиње во Куманово, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Три противпожарни екипи и шестмина пожарникари вчера интервенирале на пожарот, во период од повеќе од два часа.

Објектот, чиј покрив бил зафатен од пожар, се наоѓа во внатрешноста на поранешната касарна.

На просторот од поранешната касарна во Куманово се сместени две училишта. Во моментов тече изградбата на гимназијата „Сами Фрашери“, а таму се лоцирани и подрачните единици на државни институции.

Вчера, пожарникарите интервенирале и при гаснењето запален оџак во селото Доброшане, како и при запалена сува трева во селата Табановце и Косматац.

 

ИЗДВОЕНИ