Се запали Боинг со 178 патници на аеродромот во Денвер! Патниците скокаат преку крилата, од моторите излегува чад/ВИДЕО

459

Авион на „Американ ерлајнс“ принудно слета во Денвер откако се запалил еден од неговите млазни мотори, принудувајќи ги патниците да се евакуираат од авионот користејќи евакуациони лизгалки, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).

Компанијата потврди дека сите 172 патници и членови на екипажот безбедно го напуштиле авионот, и покрај тоа што шест патници биле пренесени во болница на дополнителни прегледи.

Летото 1006 кој летал од Колорадо Спрингс до Далас, принудно слетал во Денвер откако пилотот се пожалил на вибрации во моторот.

На социјалните мрежи беа објавени драстични снимки на патници кои стојат на крилото на авионот пред да бидат евакуирани, додека од моторот излегува густ чад.

Американ ерлајнс соопшти дека авионот слетал безбедно, но потоа се случил дефект на моторот. Според FlightRadar24, 13-годишниот авион имал два мотори CFM56, произведени од GE и Safran.

ФАА најави истрага, додека портпаролот на меѓународниот аеродром во Денвер потврди дека пожарот брзо бил изгаснат и дека летовите не биле нарушени. Боинг одби да го коментира инцидентот и ги префрли сите прашања до Американ ерлајнс и истражителите. GE се уште не даде официјален коментар.

Овој инцидент е само еден во низата проблеми што неодамна ја погодија американската авио индустрија, предизвикувајќи загриженост за безбедноста на летовите.

ИЗДВОЕНИ