Трикратната учесничка на Олимписките игри, Сузи Фавор Хамилтон, откри шокантни детали од нејзиниот приватен живот, со што целосно го шокираше светот. Таа дење била спортист, а ноќе работела како проститутка.
Сето ова го откри во своите мемоари и тоа дека дење има нов идентитет и дека се вика Кели Линди, а местото каде што работела како проститутка бил Лас Вегас.
Се започнало кога таа и нејзиниот сопруг решиле да ја прослават годишнината од бракот во Лас Вегас. Тогаш Сузи го убедила својот сопруг да скокне со падобран и да имаат секс во тројка со непознат човек.
Потоа следувала вистинската „драма“. Не можела да престане да размислува за повозбудлив и поризичен живот – се вратила во Вегас, овој пат сама.
Прво решила да „изнајми“ машки придружник и поминала незаборавна вечер со него… А потоа следела уште полуда идеја – „Сакам да го правам тоа“.
- Пред тоа имав секс само со сопругот. Му реков дека е само вториот човек со кој спиев, а тој рече дека е срамота и дека треба да го правам тоа почесто. Тогаш се навлеков на тоа, напиша Сузи.
Неговата сопруга го известила што сака да прави, а тој се обидел да влијае тоа да се промени, но безуспешно.
- Погрешно ми беше дијагностицирано биполарно растројство, неправилно ме лекуваа, а лековите што ми ги даваа само ја влошија мојата психичка состојба, истакна маратонката.
Сузи за своите услуги наплаќала околу 600 евра, а нејзиниот таен живот станал јавен кога на некои клиенти им го открила идентитетот.
- Имав денови кога трчав маратон наутро, се качував во авион, пристигнав во Вегас и се сретнував со пет мажи. Откровението, на крајот, се покажа како најдоброто нешто што ми се случило. Така почнав да се лекувам и бев ослободена од се, додаде атлетичарката.