Се воведува миење на улиците и на јавните површини во Аеродром

54

Општина Аеродорм спроведува реорганизација во одржувањето на хигиената на јавните површини, со што се воведува нов распоред за одржување на реоните и максимално искористување на целата механизација со која располага општината.

Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром ваквиот нов начин за одржување на хигиената го воведува на ниво целата територија на општината, при што е вклучено и миење на улиците и на јавните површини.

Заменик градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска заедно со претседателот на Советот на Општина Аеродром, Антонио Петковски и директорот на Јавното претпријатие, Благоја Ѓорѓиевски ги посетија екипите што почнаа со работа во населбата Ново Лисиче.

-Таму се косат тревните површини, се метат и се чистат плочниците меѓу зградите, а се кастрат и исушените и надвиснатите гранки на дрвјата. Исто така, отсега воведуваме и миење на површините за што е активирана посебна механизација за таа намена. Ваквиот начин на чистење се воведува како редовна практика, со што се очекува во наредниот период значително да се подигне нивото на хигиена на јавните површини во Општина Аеродром за здрава и чиста животна средина – истакна Митески.