Со механизација на јавното претпријатие „Комуналец” денеска се вадеше речен нанос од коритото на Луда Мара во Кавадарци. Денеска беа извадени околу 200 кубни метри песок и се очекува во наредните два дена да се извадат уште толку.
Гоце Ангеловски, директор на комуналното претпријатие, вели дека редовно се вади наносот од реката, чиј кеј е омилено место за прошетка на кавадарчани, но и на оние кои доаѓаат да го посетат градот Кавадарци.