Сè уште трае пријавувањето за бесплатен приклучок на гасоводниот систем

32

Општина Струмица ги поттикнува граѓаните да го користат природниот гас за поголема лична благодат и почист град.

Оттаму информираат дека се исплатени субвенциите за потрошен природен гас за периодот април – септември оваа година на вкупно 160 домаќинства приклучени на гасоводната дистрибутивна мрежа.

-Субвенционирањето на цената за физички лица е во износ од 10 денари од Nm3 потрошен прирoден гас. Се уште трае пријавувањето за бесплатен приклучок на гасоводниот систем во Струмица. Со 0 нула денари за приклучок, за енергетски ефикасни домови и чиста Струмица – потенцираат од локалната самоуправа.